Големите стаклени површини на ресторанот ДОМО ви откриваат неверојатен поглед кон Крушево, кон боровата шума и кон облаците. Се чуствувате како да сте на чардак и на небо и на земја. Традиционалните јадења ви ја топлат душата, а интернационалното мени ве шета низ светот. Сите јадења се приготвени по највисоките гурмански стандарди, со голем мајсторлук од нашите врвни готвачи. Во ресторанот ДОМО очите се полнат со глетки кои ви носат радост и ведрина, звуците од шумолењето на буките ви носат спокој, а храната приготвена со највисоко готварско мајсторство го прави уживањето комплетно.
Резервирајте маса, качете се Високо, во ресторанот ДОМО!






