Добредојдовте во светот на забава и креативност за сите гости на Хотел Монтана! Нашата игротека и играчница се дизајнирани да обезбедат безгрижни моменти на игра и релаксација, без разлика дали сте дете или возрасен.
За најмладите, игротеката нуди разновидни активности кои ги поттикнуваат нивните креативни вештини и имагинација. Со широк спектар на играчки и интерактивни игри, вашите деца ќе уживаат во часови исполнети со радост и забава.
Но, не заборавивме и на возрасните! Во нашата играчница, вие можете да се опуштите и да се забавувате со вашиот омилен спорт или игра. Опремена со билјард маса, пикадо, пинг понг и аир хокеј, играчницата е совршено место за дружење и натпреварување со пријателите или семејството.
Посетете ја игротеката и играчницата во Хотел Монтана и уживајте во забава која е наменета за сите генерации!
