Мала Просторија за Состаноци

Мала и топла просторија за состаноци за Вашите помали групи. 

Мала Просторија за Состаноци
Мала Просторија за Состаноци
Мала Просторија за Состаноци

Оваа слатка и мала просторија за состаноци е дизајнирана за Вашите помали групи. Се наоѓа веднаш до нашиот ресторан и тоа е главниот бенефит за користење на оваа просторија. Доколку сте со кратки рокови можете да ја добиете комплет храна и пијалаци за кафе паузи и паузи за оброк, внатре во просторијата. Доколку седењето не го дозволува тоа можеме да организираме кафе и други пијалаци да се постават на посебна маса која што нема да смета на настанот. 

Оваа мала просторија за состаноци може удобно да собере до 30 лица во повеќе аранжмани за седење, или до 40 во кино систем. Може да се изнајмува за групи поголеми од 15 лица. Имаме и помали приватни простории за помали групи. Малите џепчиња на оваа просторија ја прават многу добро место за работа во многу мали групи. 

Има еден дел од просторијата кој што може да биде покриен со паравани, доволно голем дел за да се складираат канцелариски материјали, или дури и опрема за превод во живо. Може да биде потполна конференциска просторија. 

Мала просторија за состаноци

Оваа мала просторија за состаноци може да се резервира со кратка најава. Има силен систем за греење и може да се загрее многу брзо за употреба. Нашиот модерен систем за греење Ви дозволува да ја подесите Вашата посакувана температура. За време на лето нема потреба за клима, што е случај и за целиот хотел, заради поволната ладна позиција. 

Оваа просторија е покриена од Wi-Fi конекција. Има посебен Access Point во самата просторија за да нема интерференции од другите ресторански гости. Оваа просторија нема опција за жичана етернет конекција, но може брзо да се надогради на AC Wi-Fi доколку имате потреба за стримање во живо. 

Бидете слободни да ја изнајмите нашата мала просторија за состаноци со кратка најава

Можете да ја изнајмите нашата мала просторија за состаноци во било кој момент за следниве активности:

Оваа мала просторија има доволно простор за тимски активности кои побаруваат поголема концентрација. Идеална е за помали тимови.

Оваа мала просторија за состаноци е доволно тивка за Вашите мали групи. Поголем дел од времето нема потреба за дополнителни системи за озвучување. Можете да имате групи до 40 учесници, но препорачуваме да се користи оваа просторија до 30 лица. 

Состанете се со Вашите колеги да дискутирате на приватно во тивка просторија. Можеме да се осигураме дека ќе имате онолку кафе и храна колку што ќе посакате. 

Тоа што е блиску до ресторанот овозможува лесно да добиете онолку храна и пијалаци колку што Ви е потребно за мала приватна забава во оваа мала просторија за состаноци.